Актуелно 21.10.2019 21:28

Мицкоски: Имаме разговори и со други партии за да се приклучат на Коалицијата

Мицкоски: Имаме разговори и со други партии за да се приклучат на Коалицијата

Имаме комуникација и со други политички партии за да се приклучат на Коалицијата, а некои од тие политички партии ги видов вчера во друштво на Зоран Заев.

Ова го истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, додавајќи дека се разговара и со претставниците на албанските политички партии.

Информираше и дека Коалицијата за подобра Македонија се преименува во Коалиција за обнова на Македонија.

Овој предлог на Мицкоски до коалиционите партнери, едногласно бил прифатен.