Актуелно 18.04.2019 11:40

Мицкоски: На 5 километри од Скопје се киднапираат новинари, а Заев тврди дека блескаме

Мицкоски: На 5 километри од Скопје се киднапираат новинари, а Заев тврди дека блескаме

Заев се фали дека блескаме, Пендаровски вели дека одиме напред, а на 5 километри од Центарот на Скопје се киднапираат новинари, се вршат закани, уцени, само затоа што сакале да објават репортажа за тоа колку тешко живеат граѓаните на Арачиново, каде градоначалник е токму од партијата СДСМ. Во 21 век на само неколку километри од центарот на главниот град луѓето немаат вода за пиење, канализација и основни услови за живот. Уште пострашно е што критиката за она што луѓето го живеат, не значи решавање на проблемите на граѓаните, туку силеџии кои им се закануваат на новинари, и згазена слобода на говор и слобода на медиуми. Најостро го осудувам ваквиот брутален инцидент и потребна е правда и одговорност. За сето ова нема да чуете во говорите на премиерот или нивниот кандидат за претседател, затоа што тие се заслепени од лажното блескање кое значи само едно, одење големи чекори наназад, напиша на Фејсбук претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.