Актуелно 04.03.2019 13:46

Мицкоски: Нашата цел е победа

Мицкоски: Нашата цел е победа

Прашувате која е нашата цел – Ќе ви одговорам со еден збор – ПОБЕДА! Победа на правдата по секоја цена, победа и покрај сите неправди и ужаси. Победа без разлика на тоа колку тежок ќе биде патот пред нас, бидејќи без победа нема опстанок, истакна вчера на 18-тата годишна конференција на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ претседателот на партијата Христијан Мицкоски и додаде:

„Денес тргнуваме кон победата. Ќе победиме силно. Ќе победиме уверливо. Македонија мора да ја кренеме на нозе со гордо крената глава. Да се избориме за нашата заедничка среќа и да ја вратиме нашата татковина назад. Нашите срца, почитувани, чукаат за неа, за Македонија.“

Еднаш клекнав пред луѓето, а тоа голем број платени скапо новинари од страна на Заевизмот го вулгаризираа, ме навредуваа, го прикажуваа како моја слабост. Денес ќе ве замолам да ги поминеме сите улици, сите домови во Република Македонија да застанеме рамо до рамо, човек до човек, ние немаме алатка да правиме притисок во медиумите, не можеме невистината да ја направиме вистината и не треба да го правиме. Ние сме принципиелни, честити, народни луѓе, нашето место е меѓу народот и сега кога сме опозиција и кога ќе ја водиме државата, потенцираше лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.