Актуелно 26.07.2019 14:33

Мицкоски: Нема компромис во борбата против криминалот, предлагаме закон со кој ќе се заштити правдата

Мицкоски: Нема компромис во борбата против криминалот, предлагаме закон со кој ќе се заштити правдата

ВМРО-ДПМНЕ е свесна за значењето на моментите со кои е соочена Република Македонија. И ги повикува граѓаните, сите граѓани без разлика на партиската припадност, без разлика на етничката припадност да застанат на браникот на државните интереси. Државен интерес е во Република Македонија да имаме пристојно место за живеење со нула толеранција за криминалот и корупцијата која што во последно време ја искажува Република Македонија на врвот на скалите кои што се занимаваат со мерење на оваа проблематика, изјави на прес конференција Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски кој додаде:

„Нема компромис со криминалот и корупцијата од каде и да доаѓа, од чии редови да доаѓа. Битката мора да биде безкомприомисна и да биде до крај. Вистинските злосторници и луѓе кои што се огрешиле мора да бидат изведени пред лицето на правдата и врз еден транспарентен судски процес да бидат осудени или ослободени.“

Мицкоски го повика државниот Јавен обвинител веднаш, безкомпромисно, доста од публика, доста набљудува, да се вклучи во борбата против организираниот криминал, против корупцијата.

-Да не се плаши да отвори по допрен глас постапки, а ги има десетици и од оваа политичка елита и врхушка на власт но и од сите политички елити во минатото. Го повикувам, таа можност ја има согласно Устав и согласно законите. Тој е единствениот кој што може да покрене согласно закони и Устав, постапка доколку се констатира дека има индиции за сторен криминал. ВМРО-ДПМНЕ нема да се сложи со предлог закон кој што има две цели. А, ги кажав на почетокот на оваа прес конференција. Првата пресметка со политички неистомисленици во случајот со опозицијата, и втората заштита на криминалот на сегашната врхушка на власт кога ќе се сменат политичките прилики а тоа ќе биде многу скоро во Република Македонија, потенцираше Мицкоски.