Актуелно,Економија 08.04.2019 18:46

Мицкоски во Бразда, Чучер Сандево: Граѓаните се незадоволни- со оваа влада нема ниту Е од економија, ниту Р од реформи

Мицкоски во Бразда, Чучер Сандево: Граѓаните се незадоволни- со оваа влада нема ниту Е од економија, ниту Р од реформи

Бев во Бразда, Чучер Сандево. Граѓаните се незадоволни. Со оваа влада нема ниту е, од економија, ниту р, од реформи, вели лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

-Зголемија даноци, зголемија акцизи на горива и поскапеа бензини. На пензионерите им укинаа зголемување на пензии, и нема нови покачувања. За две години ниту плати покачија ниту пензии зголемија. А Странските инвестиции чиста нула. Нема фабрика која ја отворија, нема камен темелник кој го удрија. Кажуваат некои бројки на странски фабрики кои се отворија, а не ги кажува имињата, напиша Мицкоски на Фејсбук и додаде:

„Еве го повикувам Заев нека каже кои фабрики ги отворија, по име точно да каже? Нема такви. Една голема нула имаме во економијата. А земјоделието е посебна приказна. На земјоделието му се случи вистински погром, Заевизам му се случи. Трудот не им се исплаќа на земјоделците. Субвенциите доцнат, зелена нафта нема. Е вака нема во Европа“.