Актуелно 05.07.2018 21:12

Мицкоски: Заев ја распродава државата!

Мицкоски: Заев ја распродава државата!

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во гостувањето во емисијата “Топ Тема“ вели дека оној што е најповикан да ги штити националните и државните интереси и да делува во согласност со Уставот оди спротивно на тоа и грубо го прекршува.

На прашањето дали “ќе пукне некој од мака зошто не е решено прашањето со името“, Мицкоски вели дека единствено ќе се пукне од мака на начинот на кој се распродаваат националните интереси во земјата.

– Ќе „пукнеме“ од мака додека гледаме како се распродаваат националните интереси во земјата која ја сакаме и гледаме дека како првиот најповикан што треба да ја заштити државата и да ја води, а тоа е насоката на проспертитет, насоката на економски развој и насоката на реформи оди во спротивна насока во она што се заколнал а тоа е Уставот. Гледаме како дрско и безобразно се обраќа во Собранието пред пратениците, се обраќа на еден лош начин и прашува дали ни е криво, вели Мицкоски.

Мицкоски посочи дека ВМРО-ДПМНЕ ќе се обиде со сите средства и алатки кои стојат на располагање да се заштити националниот интерес и притоа ќе се обидат на граѓаните во големо мнозинство да им се разобличат овие политики што ги во води владата на СДСМ.

Во однос на ставовите на Заев, Мицкоски вели дека тоа му е колнењето му е која тој често пати го прекршува. Тој посочи дека Заев се заколнал пред Уставот дека ќе ги штити националните и државните интереси но наместо тоа тој ги прекршува.