„Зоран Заев ја приватизираше и Царинската Управа. Царината и формално станува општинска организација на СДСМ, а непотизмот и партиските заслуги единствен критериум за вработување. Поранешниот член на ДИК, од редовите на СДСМ, Игор Милев, кој ги аминуваше криминалните избори во октомври лани, експресно е вработен во Царинската Управа, на местото советник на директорот – обвини ВМРО-ДПМНЕ.
Сопругата на Милев, Тања Милева пред само 6 месеци, иако беше трето рангирана ја именуваа за судија во скопска апелација. Милева стана судија, а прво и второ рангираните беа одбиени.
Ова е кадровската политика на СДСМ. Вака се заробува државата и институциите.
Според информациите кои кружат во Царина, Игор Милев добил одврзани раце да ги спроведува партиските задачи. Имено веднаш по вработувањето Игор Милев има овластување од страна на директорот на Царинската Управа да извршува задачи на Помошник Директор на Сектор за Контрола и Истраги, најважниот сектор, задолжен за спречување на криминални дејанија и шверц.