Актуелно 18.09.2018 10:37

Министерството за одбрана планира да потроши 13 илјади евра за вино и пиво- расипништвото на институциите не престанува

Министерството за одбрана планира да потроши 13 илјади евра за вино и пиво- расипништвото на институциите не престанува

На официјалната страна на Јавни набавки стои оглас објавен од страна на Министерството за одбрана каде ова министерство планира да набави вино и пиво. Така во огласот во делот  предмет на договорот за јавна набавка стои вино и пиво  додека во делот на проценета вредност стои сумата   805.084,75  која претворена во евра изнесува 13.080 евра.

Ова не е  прв пат институциите да вршат набавки на обични производи по огромни цени што ги прави овие набавки сомнителни. Кога владејачката партија беше во опозиција велеше дека ќе се однесува домаќински со парите но тоа не е случај. Имено, постојано излегуваат нови афери во врска со непродуктивни трошења и луксузирање на раководните лица со народни пари додека работа на институциите не е унапредена во ниту еден поглед коментираат експертите.