Да се подобри квалитетот на фискалното известување, преку објавување податоци за државни средства и финансиски обврски; усогласување на промените во состојбата на долгот и буџетскиот дефицит и да се објаснат разликите во фискалните агрегати помеѓу статистичките и фискалните извештаи- се дел од забелешките за фискална транспарнтност кои стојат во препораките на извештајот на ММФ .
Анализите на Фактор од извештајот покажаа дека јавниот долг се зголемувал и без да има потреба од финансирање на буџетскиот дефицит.
Македонија вложила напори за да ги подобри своите практики за фискална транспарентнос и постигнала напредок на тоа поле, стои меѓудругото во заклучоците а Фондот дава и низа препораки за зголемување на јасноста во планирањето и трошењето на јавните финансии.