Лозарите денеска излегоа на протест и го блокираа патот кај Росоман.
Тие таму се затекнаа со министерот за земјоделство Трајан Димовски, а разочараните земјоделци не пропуштија прилика да побараат оставка од него.
На протестот имаше засилено полициско обезбедување но карактеристично беше што полицајците континуирано го снимаа протестот.