Актуелно 05.05.2020 11:21

МВР со детали за падот на хеликоптерот

МВР со детали за падот на хеликоптерот

На 04.05.2020 во 11.30 часот, хеликоптер на МВР „МИ 17“ полетал од воздухопловната полициска база на хеликоптери „Брест“ и слетал на Граничниот премин Меѓународен аеродром Скопје, со пет членови на екипажот, со цел да наполни гориво, информира МВР.

Откако ги наполнил резервоарите со гориво и добил дозвола, почнал со полетување и набрзо се превртел и паднал.

Едно лице од екипажот се здобило со телесни повреди. Известен е јавен обвинител и се работи на расчистување на случајот.