Актуелно 17.06.2020 12:46

МВР: Во изолација нови 336 лица, заштитна маска не носеле 633

МВР: Во изолација нови 336 лица, заштитна маска не носеле 633

Во текот на изминатото деноноќие (16/17.06.2020 година) на територијата на Република Македонија на 336 лица им се издадени решенија за изолација, а 175 лица потпишале изјави за самоизолација.

Од страна на полициски службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација, при што евидентирани се четири лица кои не ја почитувале мерката за изолација.

Исто така по однос на мерката за неносење лична заштита на лице регистрирани се 633 прекршоци.