Актуелно 15.11.2018 15:37

Не тргнувајте на пат без зимска опрема, казните се до 45 евра

Не тргнувајте на пат без зимска опрема, казните се до 45 евра

Од денеска стапува на сила законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на временската состојба. Оваа обврска ќе трае до 15 март 2019 година.

Министерството за внатрешни работи информира дека, согласно член 361 став (1) од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата , моторните возила и мобилните машини кога учествуваат во сообраќај на пат, во периодот од 15 ноември до 15 март задолжително треба да поседуваат пропишана зимска опрема, согласно одредбите утврдени во Правилникот за задолжителна опрема на возилото, велосипедот и запрежно возило за безбедно учество во сообраќајот на патиштата, како и на трактори за безбедно извршување на земјоделски односно шумски работи.

Мандатен платен налог со глоба во износ од 45 евра во денарска противвредност во мандатна постапка ќе му се издаде, односно ќе му се регистрираат 25 негативни бодови согласно со одредбите од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата на возачот кој постапува спротивно на одредбата од ставот (1) на овој член.