Производствените цени во САД неочекувано паднаа во септември, што, според Reuters, би можело да се отвори простор на Федералните резерви (FED) за повторно намалување на каматните стапки подоцна овој месец.
Индексот на производствените цени (PPI) минатиот месец падна за 0,3 проценти, соопшти владата во Вашингтон, а објави агенцијата Reuters.
Toa е најголем пад од јануари оваа година и доаѓа по растот од 0,1 проценти во август.
За 12 месеци заклучно со септември, индексот PPI кој го мери движењето на цените во трговијата на големо, се зголеми за 1,4 проценти, што е најмал раст од ноември 2016 година и помалку во однос на порастот од 1,8 проценти во август.
Ако се изземат нестабилните цени на храната, енергијата и трговските услуги, инфлацијата на цените на големо минатиот месец останаа непроменети, по скокот од 0,4 проценти во август.
Таканаречената основна инфлација во трговијата на големо се зголеми за 1,7 проценти за 12 месеци заклучно со септември, по растот во август од 1,9 проценти.