Актуелно 22.11.2018 13:16

Непотизмот завладеал и во Велес: Синот на директорот на „Дервен“ стана раководител во Централен регистер?

Непотизмот завладеал и во Велес: Синот на директорот на „Дервен“ стана раководител во Централен регистер?

Директор на ЈКП „Дервен“ од Велес е  Ѓорѓи Стојанов. Но изгледа не било доволно само еден член од тоа семејство да добива плата од џебот на граѓаните, па функција си доби и неговиот син.

Како што неофицијално дознава КУРИР, Централниот регистер во Велес од пред неколку дена има нов раководител-директор. Станува збор за Јане Стојанов, син на директорот на   ЈКП „Дервен“, Ѓорѓи Стојанов.

КУРИР се обиде да стапи во контакт со Централниот регистер во Велес за да добиеме одговор на нашите прашања, но од таму не одговараат на повиците