Гледам Бујар Османи не знае како да се соземе после фијаското што му се случи со Венецијанската комисија и мислењето за законот за јазици, напиша потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски.
Не може да дојде на себе откако сфати дека ете има и институции и тела во Европа каде има вистински експерти и каде мислењата се стручни, а не по диктат на партијата. Има тела каде седат стручни лица, а не лица кои слушаат наредби. Има тела на кои Бујар Османи и тоа што е Потпретседател на Влада не им значи ништо! Таква е Венецијанската комисија на Советот на Европа која јасно кажа дека законот за јазици е неприменлив и излегува од предвидените европски рамки. За потсетување во Венецијанската комисија седат најдобрите правници од цела Европа на кои еден доктор кој врши политички притисок врз нив може само да ги изиритира, аме не и предомисли. Нив не им е битно дали тој закон бил пазар за Заев да дојде нелегитмно на власт, нити дали бил дел од Тиранската платформа која значеше мешање на странска држава во Македонија. Нив им е битно правото, напиша Николоски.
Николоски додава дека е смешна и тажна улогата на Бујар Османи – еднаш несериозно се заканува со војна, после станува портпарол на Заев, па го гледаме дели лекции што да правело ВМРО-ДПМНЕ, што му помагало на Мицкоски и слично. Тажна и смешна улога!
Јасна е позицијата на ВМРО-ДПМНЕ – компромиси со правдата нема! Ние не сме Заев па да правиме компромиси со правдата за пуста власт! Затоа не е прашање кој каков став има туку дали веруваме во принципите! Ако веруваме овој неуставен закон треба да седнеме сите заедно и да го направиме уставен токму со измени и амандмани кои ќе ги следат препораките на Венецијанската комисија.Дел од новата методологија што ја предлага Франција во дел на владеење на правото е да се следат препораките на Венецијанската комисија. Тоа Османи како Потпретседател на Влада за евроинтеграции или ќе го следи или уште долго ќе го сонува датумот за преговори со ЕУ. Меѓу две делења совети што да прави ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски нека ги прочита препораките на Венецијанската комисија и Францускиот нон пејпер. Ќе биде добар старт за него!, напиша Николоски.