Актуелно 19.07.2019 12:49

Николовски не одговори дали Кики и Фрики биле на седницата на Централен одбор

Николовски не одговори дали Кики и Фрики биле на седницата на Централен одбор

Централниот одбор на СДСМ едногласно донесе декларација која се однесува на последната афера што ја тресе власта, а во која е вмешана специјалната јавна обвинителка во оставка, Катица Јанева. Според шпекулациите, во аферата се вмешани и функционери на СДСМ, па ЦО на СДСМ вчера донесе декларација со која дава поддршка на највисокото раководство, но и на институциите да го истражат случајот.

На прашање од новинар дали на седницата на Централниот одбор присуствувале и Кики и Фрики, псевдоними кои ги добија двајца пратеници од СДСМ, кои наводно биле вмешани во аферата, Николовски одби да одговори.

-Присуствуваа огромен број членови на Централниот одбор. Веќе одговорив на прашањето, централниот одбор на оваа политичка партија, за разлика од многу други кои ги блокираат институциите и застануваат во одбрана на криминалот, ние даваме поддршка на борбата против корупцијата и криминалот – рече Николовски.

На потпрашњето „Значи биле“, тој додаде:

-Одговорив на ова прашање кое е суштинско и е дел од декларацијата која ја донесе Централниот одбор – рече тој.