Во периодот од 01.01.2018 до 31.12.2018 година, НЛБ Банка АД Скопје оствари нето добивка во износ од 2.120.369 илјади МКД, што е за 26,5% над планот, што се должи на континуирани продажни активности на кредитните и картичните продукти со особен фокус кај населението, микро, малите и средни претпријатија, засилен финансиски сервис за корпоративните клиенти и на значајните инвестиции во електронските сервиси кои се подостапни и побогати со дополнителни услуги и функционалности за клиентите.
Вкупните приходи од работење изнесуваат 4.841.523 илјади МКД и се повисоки за 10,4% во однос на истиот период претходната година. Во однос на планот се повисоки за 8,8%.
Вкупните оперативни трошоци изнесуваат 1.830.387 илјади МКД и се повисоки за 2,4% при што трошоците за вработени се повисоки за 5,4%, трошоците за амортизација се повисоки за 6,3%, додека останатите расходи од дејност се пониски за 1,2% во однос на истиот период претходната година. Во однос на планот вкупните оперативни трошоци се пониски за 4,4%.
Заклучно со 31.12.2018, беа издвоени Исправки на вредноста на финансиските средства и вонбилансна изложеност, на нето основа во износ од 655.416 илјади МКД, што е повеќе за 34,0% споредено со истиот период од претходната година, поради ниската споредбена основа од 2017 година, кога беа ослободени значителни исправки при наплата на нефункционални побарувања. Исправките на вредност на нефинансиски средстваизнесуваат 2.078 илјади МКД.
Очекувања за претстојниот период
НЛБ Банка АД Скопје согласно својата стратегија во фокусот на работењето го има задоволството на своите клиенти и континуирано и посветено работи на изнаоѓање најоптимални решенија за секој поединечен клиент. Банката во следниот период ќе продолжи да ги следи светските технолошки трендови, и како современа и креативна банка ќе биде посветена на дигитализацијата и унапредување на банкарските процеси.
Паралелно со постојаното надградување на дигиталните сервиси, континуирано ќе ја осовременува мрежата на експозитури која моментално претставува најдоминантен канал за достапност и продажба на продуктите и услугите на Банката. Со тоа на своите клиенти, Банката им дава избор да се одлучат за новите и современи или за традиционалните начини на контакт и работење со Банката, во зависност од нивните навики, потреби и преференции.
Во периодот кој следува, се очекува Банката да продолжи со интензивни кредитни активности, како во сегментот на претпријатија така и кај физичките лица, засилена продажба на полисите за животно, неживотно и пензиско осигурување, како и поинтензивно користење на услугите на платните сервиси адекватно на сезонските движења во економијата, што ќе придонесе за континуирано позитивно работење и остварување на планираните цели утврдени за наредниот период.
Во фокусот на Банката ќе биде и одржувањето или зголемување на пазарниот удел по различни сегменти во банкарскиот сектор на Република Македонија во зависност од преземениот ризик, влијанието на адекватноста на капиталот и профитабилноста. Како и досега, интензивно ќе се работи на развој на знаењето и вештините на човечките ресурси како главен столб на доброто работење, како и на развој на информатичкиот систем на Банката.
НЛБ Банка АД Скопје поради инвестициите во дигитализацијата и новите технологии, подобрениот квалитет на средствата, посветеноста на сите вработени, како и постигнатите извонредни финансиски резултати беше наградувана од повеќе угледни институции:
- Угледниот финансиски магазин „The Banker“ каде НЛБ Банка АД Скопје по деветти пат ја добива престижната награда Најдобра банка во Македонија за 2018 година, со што го потврдува приматот на најнаградувана банка во Република Македонија
- Finance Central Europe – Најдобра банка во Македонија за 2018 по ROE и ROA
- Euromoney во Лондон, каде НЛБ Банка АД Скопје беше прогласена за Најдобра банка во Македонија за 2017 година
- Финансискиот магазин ЕМЕА на Europe Banking Awards 2017 каде НЛБ Банка АД Скопје беше избрана за Најдобра банка во Македонија
Финансискиот извештај можете да го погледнете тука.