Економија 08.05.2018 10:27

Нокиа купи американски производител на софтвер

Нокиа купи американски производител на софтвер

Финскиот производител на мрежна опрема Нокиа објави денеска дека го купил американскиот производител на софтвер Спејс Тајм Инсајт, во рамки на ширењето на дејноста во сегментот на софтвер наменет за клиентите во индустријата.

Нокиа веќе купи неколку мали и средни компании во рамки на планираното воспоставување на самостојно софтверско работење што би им донело поголеми профитни маржи од традиционалното работење со комуникациски хардвер.

Нокиа Софтвер, поранешен Апликејшнс енд Аналитикс, минатата година оствари приходи од нешто повеќе од 1,6 милијарди евра, а името му беше променето пред три месеца за да се истакне неговата сė позначајна улога покрај основното работење на компанијата со мрежна опрема.