Биткоинот падна за околу 8 проценти, спуштајќи се на петдневен минимум, а трговците и аналитичарите ја препишуваат оваа загуба на вредноста на техничкото тргување во услови на тенка ликвидност.
Најголемата криптовалута според пазарната капитализација, се зголеми за 7,6 проценти на 9.936 долари, откако претходно го допре нивото од 9.926 долари, објави Reuters. Трговците велат дека ниту една посебна вест не била активирање за ваквото движење на биткоинот, при што некои велат дека е можно некои големи единечни налози извршиле притисок и го повлекле пазарот надолу.
Другите големи дигитални валути, како што се Етереум и Рипл, исто така паднаа за околу седум проценти.