Извршниот директор на Фејсбук Марк Цукерберг, најави нова алатка на социјалната мрежа за онлајн состанување, за која тој тврди дека приватноста и безбедноста на корисниците ќе биде заштитена.
Новата алатка беше промовирана денеска на конференцијата на програмерите на Ф8 во Сан-Хосе МекЕнерџи конгресниот центар во Калифорнија.
Цукерберг рече дека повеќе од 200 милиони луѓе на Фејсбук се изјасниле како сингл и дека новата патформа ќе им дозволи да се поврзат со луѓе надвор од листата на пријатели.