Регулаторната комисија за енергетика ги соопшти новите цени на нафтените деривати кои почнуваат да важат од полноќ.
Од вечерва на полноќ малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се зголемува за 1,50 денар за литар и ќе изнесува 59,50 ден/лит.
Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98, ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемуваат за 1,00 денар за литар и со тоа од вечерва на полноќ малопродажната цена ќе бидат следните : ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе изнесува 61,50 ден/лит, дизелот ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) ќе изнесува 51,00 ден/лит и Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) ќе изнесува 40,00 ден/лит.
Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува за 0,273 ден/кг и ќе изнесува 24,886 ден/кг.