Актуелно 14.10.2019 15:09

Обид за убиство, тешка повреда, криумчарење – Долгото досие на избеганиот затвореник

Обид за убиство, тешка повреда, криумчарење – Долгото досие на избеганиот затвореник

Затвореникот кој денеска успеа да и избегал на македонската полиција додека беше пренесуван од Клиничкиот Центар во Скопје до затворот Идризово, бил осуден на 7 години и 7 месеци затвор за повеќе тешки кривични дела.

Во досието на 39-годишниот осуденик Фидан Асани, стои дека тој во 2000. година бил осуден за тешка телесна повреда, додека во 2007. за убиство во обид.

По три години е осуден за учество во топла која спречувала службено лице при бунт во Идризово, а во 2015. за загрозување на сигурноста на службено лице и предизвикување на општа опасност.

Во 2018. година бил осуден за криумчарење мигранти.

Извори од затворот Идризово велат дека чуварите кои денеска од Клиничкиот Центар го пренесувале осуденикот застанале да си купат сендвичи за јадење, а во тој момент тој успеал да избега откако до полициското возило застанало друго возило марка Мерцедес и од него излегле неколку непознати лица кои успеале да го земат затвореникот.

Избеганиот затвореник досега одлежал 1 година и 5 месеци во затворот Идризово.