Актуелно 01.10.2019 12:21

Од денеска нема да може да земете лекарства од аптека за болен роднина- лекови на рецепт само со лична карта и пасош!

Од денеска нема да може да земете лекарства од аптека за болен роднина- лекови на рецепт само со лична карта и пасош!

Граѓаните од денеска ќе можат да добијат лек што им е препишан на рецепт од која било аптека во државата и во кој бил ден во месецот. Од денеска се укинуваат квотите  за лековите и се воведува нов електронски систем во кој ќе се регистрираат граѓаните кои подигнале лек на рецепт.

Ова значи дека осигурените лица од денеска ќе можат да ги подигнуваат лековите во аптека само врз основа на рецепт и документ за лична идентификација (лична карта или пасош).

Тоа би значело дека болните лица ќе мораат сами да одат до аптека да ги подигнат потребните лекарства, односно во нивно име нема да може никој да ги подигне.

За министерот за здравство Венко Филипче, со оваа мерка која е дел од реформите за подобрување на здравствените услуги, нема да има повеќе турканици и нетрпение, нема потреба граѓаните да создаваат домашни аптеки во страв да не останат без потребните лекови.

Фармацевтската комора на Македонија не ја поддржа оваа одлуката на Фондот за здравство, лекови издадени на рецепт, од аптека да се подигнуваат само лична карта или со пасош.

Велат дека тоа ќе создаде хаос во аптеките и нема да придонесе за контролата која сака да ја прави здравствениот фонд.

-Се поставува прашањето, дали сме смееме да им бараме лична карта или пасош на пациентите или лицата кои сакаат да земат лек во име на пациент. Второ, дали е ова контролен механизам на давање на терапиите од страна на лекарите или фармацевтите. Мислам дека посебен акцент треба да ставиме на описот на соодветната терапија за пациентот. Ова не е начин за контролира на издавањето лекови, било во аптеките, било од матичниот лекар, изјави претседател на Собранието на Фармацевтската комора Имер Имери, неодамна за Алсат М.

Октомври ќе биде преоден месец кога системот ќе се става во погон, граѓанин ќе може да подигне рецепт и доколку му е измината личната карта, а дежурен лекар ќе може да издаде рецепт.

Новиот електронски систем на издавање лекови почна да се спроведува како пилот – проект во туристичите места во земјава за време на летниот период (во Охрид, Струга, Гевгелија, Ресен и Дојран), пред да влезе во вторава фаза со опфат на целата држава.