Ситуацијата со климата никогаш не била посериозна и загрижувачка, порача лидерите на над 200 држави, кои се собраа на Конференција за климатски промени (ЦОП24) во полскиот град Катовице. Оттаму порачаа дека Меѓународната заедница треба да направи многу повеќе во борбата против овие климатски промени.
Како што се оценува, состанокот во Катовице е најкритичен за климатските промени од Парискиот договор во 2015 година. Експертите велат дека ќе бидат потребни драстични намалувања на емисиите ако светот постигне достигнувања договорени во Париз.
Во меѓувреме, Светската банка објави 200 милијарди долари за финансирање повеќе од пет години за да ги поддржи земјите што преземаат мерки против климатските промени.
„Последиците од недостиг на регулација на климата никогаш не биле толку тешки и меѓународната заедница треба да направи многу повеќе, за да се бори со нив“, изјави извршната секретарка на Рамковната конвенција на ОН за климатски промени, Патрисија Еспиноса.
Таа додаде дека „годинава се очекува да биде една од четирите најжешки години регистрирани до сега”.
На Конференцијата, која ќе трае до 14 декември, учествуваат лидери на повеќе од 200 држави.
ЦОП24 е значајна поради тоа што 19 од 20 земји на Самитот на Г-20 изразија поддршка за Парискиот договор за климата од 2015 година. Земјите пред три години во Париз се обврзаа да го ограничат порастот на глобалната температура за повеќе од два степена Целзиусови. Земјите-учеснички во Катовице треба да се согласат на нов правилник прифатлив за сите 183 држави кои го ратификуваа Договорот од Париз.