Актуелно 07.02.2020 12:56

Осуден за демолирање на претседателската канцеларија е кандидат за студентски лидер

Осуден за демолирање на претседателската канцеларија е кандидат за студентски лидер

Борјан Ефтимов, студентот кој беше осуден за демолирањето на канцеларијата на претседателот Ѓорге Иванов, најави кандидатура за претседател на Универзитетското студентско собрание, пишува Лидер.

Студентот на правниот факултет, вчера официјално ја пратил својата кандидатура до делегатите. Во кандидатурата тој ја претставува својата кратка програма но и побарал одлагање на денешниот избор за неколку дена.

Редакцијата на „Лидер“ телефонски разговараше со Ефтимов кој вели дека не крие дека бил дел од „Шарената Револуција“, дека е осуден за демолирањето на канцеларијата на претседателот и дека не се срами од тоа.

-Бев таму затоа што верував во тие идеали и тоа не го кријам, ниту се срамам, без разлика во која насока потоа тргнаа работите. Тоа не значи дека јас сум кандидат на политика партија. – ни одговори младиот Ефтимов.

Кандидатот за студентски лидер освен од шарената револуција, беше дел и од студентскиот пленум, организација која згасна по доаѓањето на СДСМ на власт.

-Последната активност на „студентски пленум“ беше учеството во донесувањето на новиот закон за високо образование. Потоа пленумот згасна иако не ја добивме целосно битката. – вели Ефтимов.

Истражувањето покажува дека студентски пленум нема никакви активности повеќе од 500 дена, што кореспондира со доаѓањето на СДСМ на власт.

Во разговорот за „Лидер“, Ефтимов вели дека од 29 ноември, знаел дека ќе се кандидира за претседател на Унверзитетско студентско собрание, но и покрај тоа сега бара одложување за 3-4 дена на избоерите.

-Ова го барам затоа што не е дефиниран начинот на кој ќе се избира претседателот. Ова ни е практично прва седница на телото. Не сакам доколку јас или некој друг стане претседател, потоа да има дамка. – вели поранешниот шарен реолуционер.