Доколку биде изгласан Преспанскиот договор покрај промена на името за надворешна и внатрешна употреба Македонија ќе добие и нови пари, пишува порталот express.mk.
Во одреден рок од најверојатно 2 години ќе треба да се повлечат сите книжни, полимерни и ковани денари на кои што сега стои “Народна банка на Република Македонија” и ќе треба да се напише “Народна банка на Република Северна Македонија” како што ќе гласи и новото име на истоимената институција која што ќе ги издава парите.
Посебна приказна е изгледот на парите по влегување на сила на законот за јазиците со кој македонскиот денар во сите форми ќе мора да биде означен и на албански јазик.
Законот за јазици кој сега е блокиран од претседателот Иванов според владината коалиција треба да влезе во сила догодина кога Македонија ќе добие нов консензуален претседател кој ќе стави потпис на законот.
Трошокот за менување на сите македонски денари може да чини десетина милиони евра.