Актуелно 10.12.2018 12:03

Оваа недела би можела да биде клучна за брегзитот

Оваа недела би можела да биде клучна за брегзитот

Неделава би можела да биде клучна за судбината на брегзитот – во Брисел ќе има средба на челниците на земјите-членки, а во Стразбур ќе се одржи последната овогодишна пленарна седница на Европскиот парламент.

Гласањето во британскиот Парламент за договорот за повлекување на Велика Британија од ЕУ е предвидено за во вторник, но според последните информации прашање е дали тоа ќе се случи. „Сандеј тајмс“, повикувајќи се на високи владини извори, наведува дека премиерката Тереза Меј, би можела да бара одлагање на гласањето.

Се зборува дека ако дојде до гласање во вторник, договорот кој Меј го постигнала со ЕУ би можел да падне, а тоа би можело да доведе и до пад на Владата.