Актуелно 21.11.2018 18:00

Папата Франциско ќе ја посети Македонија

Папата Франциско ќе ја посети Македонија

Папата Франциско во мај наредната година ќе ја посети Македонија, објави аргентинската национална новинска агенција повикувајќи се на извори од Ватикан.

Во првата недела од мај наредната година папата ќе ги посети и Романија и Бугарија.

Ако оваа посета се оствари, папата Франциско ќе биде првиот папа што ја посетил Македонија.