Компанијата за платежни услуги „PayPal“ објави подобри финансиски резултати за третиот квартал во однос на очекувањата на аналитичарите, водејќи сметка за растот во бројот на корисници и трансакциските обеми.
Нето приходот на „PayPal“ отскокна до 436 милиони долари во третиот квартал од оваа година, или за 36 центи по акција, во споредба со 380 милиони долари во истиот период од минатата година, во вредност од 31 центи по акција, пренесува „Reuters“.
Приходот на компанијата се зголеми на 3,68 милијарди долари, во споредба со 3,24 милијарди долари пред 12 месеци.
Така компанијата оствари приход од 58 центи по акција, надминувајќи ги прогнозите на аналитичарите за просечни 54 центи по акција, покажуваат податоците на „Refinitiv“.
За четвртиот квартал „PayPal“ очекува приходи во износ меѓу 4.20 милијарди долари и 4.28 милијарди долари, а прогнозата е слична со онаа на аналитичарите – 4.21 милијарди долари.
Акциите на компанијата, која се оддели од онлајн гигантот „eBay“ во 2015-та година, поскапеа со 7% во текот на вчерашната рана трговија.
Во септември „PayPal“ ја купи шведската компанија за платежни услуги „iZettle“, на тој начин ја одбележа најголемата зделка во својата историја.
Според зборовите на извршниот директор Дан Шулман, најзначителниот успех во разгледување кварталот е нето зголемувањето на новите клиенти и повисокото ниво на посветеност од страна на корисниците.
Компанијата додаде рекордни 9,1 милиони активни регистрации во третиот квартал во споредба со порастот од 8,2 милиони сметки пред една година.
„PayPal“ исплати 143 милијарди долари во плаќања во третиот квартал или до 24% на годишна основа.
„Venmo“ – апликацијата на „PayPal“ за „peer-to-peer“ плаќања, што е популарно меѓу младите корисници е обработила трансакции од 17 милијарди долари во периодот што е скок од 78% на годишна основа.