На пазарот на труд во Германија несомнено му е потребна работна сила. Во повеќето случаи се бараат квалификувани работници.
Поради оваа причина бројот на бегалците кои доаѓаат во Германија, не е толку голем проблем колку потребата од демократски промени на германската економија, за да може овие бегалци да станат дел од пазарот на труд. Ако тие не се дел од него во наредните години, тогаш ќе има големи проблеми.
Тоа го истакна д-р Видо Геис, виш економист, Институт за економија во Келн.
Тој смета дека сигурно има економска корист од миграцијата и во иднина бегалците можат да бидат дел од социјалниот систем на Германија, да плаќаат даноци и да има позитивно влијание на економијата.
Според Геис, многу луѓе ќе го напуштат пазарот на труд бидејќи ќе се пензионираат.
„За да не го одложувате бизнисот, неопходно е да ангажирате нова работна сила. Затоа е потребна демократска промена. Проблемот е што бегалците кои доаѓаат во Германија имаат многу ниски квалификации и тешко можат да влезат на пазарот на труд“, рече тој. „Повеќето од нив немаат вештини и не го зборуваат јазикот, што е многу важно за работните места. Ова го прави тоа многу тешко да се прилагодат“.
Според зборовите на економистот германската економија има потреба од работна сила, но таа да е квалификувана, а поголемиот дел од бегалците не се вработени, а ако се појават на пазарот на труд, ќе заземаат многу ниски позиции.
„Постојат можности за вработување на овие луѓе на пазарот на труд, во некои сектори каде нема недостаток на вештини. Ако овие луѓе имаат квалификации, сигурно многу полесно можат да влезат на пазарот“, коментира Геис и појасни дека има компании кои нудат привремено вработување, каде бегалците имаат добри можности за вработување и квалификациите не се толку неопходни.
Тој потсети дека многу од бегалците биле квалификувани по доаѓањето во Германија под разни програми.
Геис посочи дека зголемувањето на луѓе кои доаѓаат од други земји на ЕУ, кои заземаат високи работни места во Германија, е навистина големо.
„Оваа миграција не е проблем за германската економија. Во последниве години, има значително намалување на стапките на невработеност. Има зголемување на платите и минимална плата за неколку години“, рече Геис.