Актуелно 13.07.2018 11:36

Пејачите кои ќе настапуваат утре изманипулирани: Не знаеле дека Владата ги прави носители на политичка кампања!

Пејачите кои ќе настапуваат утре изманипулирани: Не знаеле дека Владата ги прави носители на политичка кампања!

Под мотото „Голема граѓанска прослава Македонија во НАТО и ЕУ” владата објави дека ќе прославува утре во 15 градови.

На социјалните мрежи и во контактните емисии се разви огромно незадоволство бидејќи Владата со ова прави евтин ПР, со оглед на тоа дека државава не доби ниту чиста покана за НАТО ниту датум за преговори.

-Дури и мотото под кое се настапува е лажно, се вели граѓанска прослава за Македонија, а не кажуваат дека бараат од граѓаните да си го сменат името, нема друга влада која слави порази, вели студентот Христијан Ментрунковси кој коментираше со други десетици на социјалните медиуми.

На удар на критика се најдоа и пејачите кои ќе настапуваат со оглед на тоа што претходно дел од нив се изјаснија дека се против договорот со Грција, а добар дел од нивниот репертоар исто така изобилува со песни каде се содржи зборот Македонија за кој сега владата води кампања да се промени.

40 изведувачи меѓу кои Кирил Џајковски, Архангел, Лозано, Љубојна, Нокаут,  Владо Јаневски, ДНК, Елена Ристеска, Ерик Фокс и други ќе настапуваат како дел од подготвителните активности на Владата кои се дел од поширока кампања која треба да резултира со успешен рефрендум за промена на името и прифаќање на договорот со Грција.

Откако  исконтактиравме со дел од пејачите дознаваме дека Владата претходно, пред речиси еден месец склучила рамковни договори за ангажман, чии суми остануваат тајна. Пејачите добар дел од нив и незнаат за која цел ќе пејат ниту дека стануваат предводници на една кампања за промена на името, која се наоѓа на удар на јавноста.

– Не знаев дека ќе пејам на настанов, имаме договор со владата уште пред да се случи ваквиот расплет на настаните, никогаш не сум бил вовлечен во политика, вели еден од пејачите за Курир.

Го баравме и Ристо Вртев од Архангел кој кусо ни потврди дека ваквата работа била договарана пред извесен период и дека не од сега.

Инаку Архагел по повеќе години пауза има нов сингл „Пинокио“ со кој ги исмева актуелните општествени случувања.