Актуелно 23.09.2019 19:08

Пемова: Економските политики на владата не даваат резултат

Пемова: Економските политики на владата не даваат резултат

Пратеничката од редовите на ВМРО ДПМНЕ Весна Пемова имаше обраќање на собраниска седница на која рече дека економските политики и мерки на владата на даваат резултати.

– Владата предвидела значи процентот на вкупните приходи да биде 66,7 % или владата во креирањето на буџетот има промашено во нели вкупните приходи на буџетот за цели 5 %. Е сега колешке се поставува прашањето зошто, како промашила владата која е причината што владата има 5 % промашување во реализацијата на вкупните приходи на буџетот во првите 8 месеци или во апсолутна вредност промашувањето на владата е околу 166 милиони евра. И ако се продолжи со тој тренд на прибирање на средства до крајот на годината ќе фалат околу 250 милиони на приходната страна од буџетот рече Пемова.

Пратеничката исто така потенцираше дека парите кои ќе фалат на приходната страна на буџетот ќе значат нов дефицит во буџетот.