Пратеничката од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Весна Пемова на денешната собраниска седница посочи дека самото отсуство на министерката за финансии говори за нејзината загриженост и одговорност на функцијата која ја има.
Повеќе од јасно е дека ребалансот на буџетот се прави затоа што владата има промашување во креирањето на економската политика во државата. Односно има некорелација во однос на предвиденото и оствареното. Одредени економски мерки не го даваат очекуваниот резултат и институциите во државата не работат ефикасно, истакна Пемова.
Пемова додаде дека овој буџет гледано на среден рок е неодржлив, нема развојна компонента. Овој буџет исто така е потценувачки за граѓаните во Република Македонија.
При читање на буџетот на приходната страна се забележува дека Владата во прибирање на средства во буџетот имаат потфрлено доста. Потфрлувањето за осум месеци во годината е околу 5%. Или со проценти и бројки да кажам дека заклучно со осми месец средствата што владата ги има прибрано на приходната страна се во висина од 61,8%, а Владата планирала тој процент да изнесува да биде повисок односно 67 или 68%. Во апсолутен износ Владата има потфрлено во прибирање на средствата во висина од 166 милиони евра, нагласи Пемова.
Пемова појасни дека до денес во буџетот недостигаат околу 166 милиони евра за нормално функционирање на буџетот.