Актуелно 22.01.2020 12:45

Полицијата на висина на својата задача- секојдневно го сузбива и решава криминалот кој владее во Скопје откако СДСМ е на власт

Полицијата на висина на својата задача- секојдневно го сузбива и решава криминалот кој владее во Скопје откако СДСМ е на власт

Решавањето на криминалот во Македонија и во Скопје речиси да започна да се решава откако на почетокот на месецов беше назначен новиот технички министер на МВР Наќе Чулев.

Дневните билтени секојдневно се полни со решени случаи, а денеска МВР информираше и дека 21 годишно момче доби 8 дневен притвор за сторено кривично дело тешки кражби, додека во вториот случај кој експресно го решило СВР Скопје е за лицето кое нелегално поседувало оружјеи за кое следува притвор од 30 дена.

21 годишно момче доби осум дена притвор- еве за што го гони полицијата

„Единицата за внатрешни работи – Чаир, синоќа околу 23.00 часот го приведе лицето А.И (21) под сомнение дека извршил повеќе кривични дела од областа на имотни деликти.

Според соопштението на Министерството за внатрешни работи, од страна на ЕВР- Чаир, со прибирање докази документирани се пет кривични дела – тешки кражби во куќи и едно кривично дело – џепна кражба. Со извршување на овие дела А.И се стекнал со противправна имотна корист од околу 224.290 денари и причинил материјална штета од 13.500 денари.

Против него, како се истакнува во соопштението на МВР, до ОЈО Скопје е поднесена е соодветна кривична пријава за сторените кривични дела, а судија на претходна постапка му одреди мерка притвор во траење од осум дена, информираат од МВР“.

Кривична пријава против едно лице за поседување пиштол без дозвола

„Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје до Основното јавно обвинителство – Скопје денеска поднесе кривична пријава против лицето Б.А (29) кај кого вчера при извршен преглед полициски слубеници пронашле пиштол што го поседувал без дозвола.

– По претходно добиени оперативни сознанија од страна на полициски службеници од СВР Скопје вчера околу 18 часот во населба Сингелиќ извршен е преглед врз лицето Б.А. При извршениот преглед е пронајдено огнено оружје – пиштол кое тој го поседувал без дозвола, по што бил извршен претрес и во домот каде што престојува лицето.

Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје до ОЈО Скопје против лицето Б.А поднела кривична пријава во брза постапка за кривично дело по член 396 од кривичниот законик „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи, информираат од МВР во вториот случај“.

Инаку јавноста е сведок на криминалот кој владеше овие три години во МВР откако СДСМ е на власт и поранешниот министер Оливер Спасовски кој се до неговото заминување не мрдна со прст за расчистување на криминалните банди, убиствата, носењето на нелегалното оружје како и дрогата која се шверцуваше на секој чекор откако дојде „животот за сите“ во 2017 година.