Актуелно 19.05.2019 11:07

Попладне не излегувајте од дома- голема промена на времето

Попладне не излегувајте од дома- голема промена на времето

Времето претпладне ќе биде адне сончево со умерена облачност. Во текот на денот ќе дува слаб до умерен, а во источните делови засилен ветер од југоисточен правец.

Попладне и во вечерните часови на места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со силен ветер и град.

Минималната температура ќе биде помеѓу шест и 14, а максималната ќе достигне од 21 до 29 степени.

Во Скопје, сончево со умерена облачност, попладне со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Температурата ќе се движи од десет до 26 степени.

Во понеделник и вторник во попладневните часови ќе има локална појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а стабилно ќе биде во среда.