Актуелно 20.06.2019 20:51

Попоски: Пораките од ЕУ за Македонија се да за членство, но не сега и не вака

Попоски: Пораките од ЕУ за Македонија се да за членство, но не сега и не вака

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Попоски на денешната седница на Националниот совет за евроинтеграции изјави дека Македонија во изминативе години нема мрднато во капацитетот на за преземање на одговорност ниту во постигнување на напредок за приближување во Европската Унија, а пораките од ЕУ за членство се не сега и не вака.

– Ако го погледнеме реалниот капацитет за преземање на обврски, во овој дел табела има изработено од наша администрација со еден преглед на сите формулации кои се користеле од 2015 до 2019, од истите извештаи во 33 поглавја за преземање на одговорност. Ако ги погледнеме тие табели, од македонска администрација, која квалификација која оценка би и дале од 1 до 5, нашата подготвеност од 2015 до 2019 била некаде на ниво 3, а уште поважно од тоа е колку напредок сме постигнале во тој меѓупериод и таму оценката е 3. Значи 3 во 2015 и 3 во 2019, потенцираше Попоски.

Тој додаде дека покрај нашата недоволна подготвеност, ЕУ во финансиската рамка за 2021-2028 нема предвидено пари за проширување на земјите од Балканот затоа што моментално имаат многу поприоритетни работи внатре во унијата, како потенцијална трговска војна, преструктуирање и кампањата за Британија и фамозните 350 милиони евра, и бидејќи не нема на таа листа на приоритети единствено може да се надеваме на 2028-2034 година.

– Следниот план е 2028 до 2034, чесно е да се надеваме и тоа е една рамка. Дали ќе биде 2028 или 2034, ако го гледаме составот не Европскиот парламент, ако ги гледаме предизвиците со кои се соочуваат, гледаме две пораки, едната во Берлин која вели да членство, но не сега туку подоцна и другата од Париз која ни вели да членство но не вака, истакна Попоски.

Тој нагласи дека за тоа да се случи мора во државава работите да ги согледаме реално и да се посветиме на тоа што зависи од нас, да се прилагодиме на европската реалност и да не дозволиме нашите граѓаните да ја изгубат довербата во европската кауза .