Актуелно 16.08.2018 14:13

Порака од власта или? Искршено возилото на аналитичарот кој најави пластична операција на Македонија

Порака од власта или? Искршено возилото на аналитичарот кој најави пластична операција на Македонија

Љупчо Ристовски, претседател и коосновач на Институт за доблесна и вредносна политика „Интегра“, кој пред неколку дена констатира дека на Македонија ѝ се подготвува пластична операција, утрово го затекнал својот автомобил со искршени стакла, јавно прашувајќи дали тоа е порака од власта.

„Од утрово рано… порака од власта или… да не грешам душа?

Симптоматично е што истово ми се има случено за време на изборите 1994 година, кога бев кандидат за пратеник од Демократската партија во ИЕ 105 (мнозински) и кога на 28 години бев петти по број на освоени гласови од цела опозиција во првиот круг (вториот се откажа партијата од понатамошно учество). Тогаш ми беа искршени и панорамските стакла на деловен простор и на автомобилот. И тогаш СДСМ беше на власт… Коинциденција… или сè тече, само СДСМ не ги менува методите на притисок?

И пак ќе речам… АМАНДМАНСКАТА ИЗМЕНА НА УСТАВОТ НА УВИД НА ЈАВНОСТА!… И уште нешто плус: Во договорот со Грција стои усвојување на амандманските измени ‘ВО ЦЕЛОСТ’… значи, така како што се однапред договорени, без да се промени ниту точка ниту запирка во нив. Ова ми кажува дека е можно ‘ВЕЛЕПРЕДАВСТВО’, но и за ова да не грешам душа… затоа нека ги ОБЈАВАТ ОДМА! Нивната објава или ќе го оправда бојкотот или ќе го оправда референдумот…“, напиша аналитичарот на својот профил на „Фејсбук“ покрај фотографиите од искршеното возило.