Актуелно 08.10.2018 18:26

ПРАТЕНИЦИТЕ НЕ ПРИФАЌААТ ПОТКУП И УЦЕНИ: Зоран Заев со понуда за предвремени избори и Пржинска влада со скратен мандат!

ПРАТЕНИЦИТЕ НЕ ПРИФАЌААТ ПОТКУП И УЦЕНИ: Зоран Заев со понуда за предвремени избори и Пржинска влада со скратен мандат!

Последната понуда од СДСМ до ВМРО-ДПМНЕ е формирање на Пржинска влада со скаретен мандат, пренесуваат провладините медиуми, додавајќи дека ова е „последната понуда“ на владата на Зоран Заев. Ваквата понуда ги потврдува информациите од ВМРО-ДПМНЕ дека обидите за поткуп и уцена на нивните пратеници од страна на Заев, не успеале, па власта е приморана на избори

 

Од владата предводена од Зоран Заев, до ВМРОД-ПМНЕ испратиле „последна понуда“ за предвремени парламентарни избори со Пржинска влада но со скратен мандат од 45, односно 60 дена брифираат провладините медиуми од, како што велат, добро упатени извори.

Од ВМРО-ДПМНЕ немаат коментар на овие информации, ниту ги потврдуваат, но не ги ни отфрлаат.

Собраниската седница е потврдена на 15 октомври в понеделник, но засега можноста за распууштање и прогласување предвремени избори не е во точките на дневен ред.

Преговорте се уште траат, а неофицилјно имало средби и меѓу лидерите на партиите. Утринава на координација пратеничките групи не разговарале за преговорите и сега се е оставено на политичка одлука внатре во партиите.

Најновиот предлог од ВМРО-ДПМНЕ е премиерот јавно да се откаже од договорот со Грција, да се оди на избори, а по изборите да се формира ново Јавно обвинителство кое ќе го замени СЈО. СДСМ излегоа со толкување дека вчерашното обраќање на Мицкоски е под влијание на поранешниот лидер.