Актуелно 19.10.2018 12:58

Пред Собрание врие од полиција – се очекува ли денеска гласање на Уставните измени?!

Пред Собрание врие од полиција – се очекува ли денеска гласање на Уставните измени?!

Големо полициско обезбедување денеска е забележано околу зградата на Собранието и околу него. Врие од полиција пред собрание, се очекува ли гласање денеска поради што е побарано поголемо обезбедување?
Во Собранието денеска ќе продолжи седницата за уставните измени, но неизвесно е дали ќе се гласа. Во пресрет на денешната седница на Парламентот, од Брисел и Вашингтон, стигнаа пораки на охрабрување до пратениците за поддршка за уставните измени.

На последната седница пратениците од ВМРО-ДПМНЕ се откажаа од своите дискусии и најавија дека ќе гласаат против уставните измени. Сепак има уште 20 – тина пратеници кои се пријавени за збор, меѓу кои и од коалициските партнери на ВМРО-ДПМНЕ.