Актуелно 17.10.2018 14:22

Претседателот на ЕПП лично ги демантираше дезинформациите за исклучување на ВМРО-ДПМНЕ

Претседателот на ЕПП лично ги демантираше дезинформациите за исклучување на ВМРО-ДПМНЕ

По информациите дека партијата ВМРО-ДПМНЕ ќе биде исклучена од ЕПП денеска со демант излезе претседателот на ЕПП Жозеф Дол.

-Постојат јасни правила за исклучување на партијата од ЕПП: Член 9 од нашиот статут јасно наведува дека 7 партии членки од 5 различни држави мора да испратат барање до партиското претседателство за да се исклучи некоја партија. Ние секогаш ги почитуваме правилата, но сé уште не сме добиле такво барање.

Оваа реакција доаѓа откако неодамна во провладините медиуми беше објавена информација дека партијата ВМРО-ДПМНЕ би можела да биде исклучена од своето европско семејство доколку продоложи да се однесува неконструктивно кон Преспанскиот Договор.