Членови на извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ заедно со членови на политичката партија остварија средба со граѓаните во повеќе општини.
Тие се сретнаа со граѓаните од Кратово. Од овде граѓаните посочија дека живеат сиромашно и дека поради тешкиот живот се поголем број на граѓани се иселуваат од регионот.



Лошата економска состојба во државата ја чувствуваат и граѓаните од населените места во околината на Битола. Имено тие порачаа дека нема нови инвестиции, нема нови работни места и дека власта не презема ништо за да се подобри ситуацијата во државата.


Средба со граѓаните имаше и во Ѓорче Петров, Волково. Граѓаните се пожалија дека надлежните немаат реализирано ништо од ветеното во предизборието.
