Веста дека принцот Хари и Меган Маркл се селат, ги разбуди духовите во кралското семејство. Се уште се нагаѓа што е причината за таа одлука, но преовладува мислењето дека јатрвите не се мирисаат баш. Ако тоа е точно, тогаш Британците треба да „заблагодарат“ на Кејт и Меган за најмалку пет милиони фунти помалку во државниот буџет наредната година.
Имено толку ќе чини обезбедувањето на куќата Фрогмор во која се селат Хари и Мерган. Станува збор за годишна цифра, која ќе биде платена од буџетот на Велика Британија.
Плановите како да се обезбеди куќата Фрогмор на големо се прават и ќе бидат потребни одредени работи, со оглед на тоа дека имотот од јавниот парк и патот го дели само еден ѕид.
Во моментов не постои никаков посебен вид заштита на вилата, бидејќи никој не живее во неа долго време.