Актуелно 16.10.2018 10:54

Продолжува падот на активни корисници на мобилен телефон во Македонија

Продолжува падот на активни корисници на мобилен телефон во Македонија
Silicon Valley Upheaval

Негативниот тренд на пазарот на мобилна телефонија во Македонија продолжува, со 1,98 милиони активни корисници на крајот на првиот квартал 2018 година, со пад од 0,98 отсто на квартално ниво и од 1,78 отсто за период од една година. Пенетрацијата изнесува 95,81 проценти од населението, што претставува намалување од 1,85 отсто за период од една година, според податоците од регулаторот АЕК.

Од вкупниот број, 953.963 биле припејд корисници (-6.15%), 779.811 биле постпејд корисници (+ 4.85%) и 254.602 биле бизнис постпејд корисници (-3.60%).

Бројот на линии на фиксна телефонија изнесува 366.436, што е за 0.03 проценти повеќе во однос на претходниот квартал и зголемен за 1,20 отсто за период од една година

Бројот на фиксни широкопојасни интернет-врски достигна 399.575 (+ 5,02%),

Бројот на претплатници на широкопојасен интернет преку мобилен телефон (2G / 3G / 4G) изнесува 1,27 милиони (+ 12,38%).