Актуелно 07.02.2019 15:21

Професорите од Средното хемиско училиште ја бојкотираат наставата поради назначување на Албанец за директор

Професорите од Средното хемиско училиште ја бојкотираат наставата поради назначување на Албанец за директор

Градоначалникот на Скопје Петре Шилегов изјави дека не е нарушен образовниот процес со тоа што вчера за нов в.д. директор на средното хемиско-технолошко училиште „Марија Склодовска-Кири“ назначил Албанец, што денеска предизвика бојкот на наставата од професори и ученици од македонските паралелки. Тие претпладнето дојдоа на училиште, но не одржуваат часови, најавувајќи дека бојкотот ќе го продолжат и во наредните денови.

Незадоволни се од тоа што одлуката била донесена без нивно занење и консултација, а револтирани се од тоа што по именувањето на в.д. директорот на социјалните мрежи, наводно, се појавиле коментари: „победивме, го зедовме