Министрите за животна средина и просторно планирање и за локална самоуправа Садула Дураки и Сухејл Фазлиу ќе се обратат на промоција на проектот за подобрување на управувањето со цврст отпад во Полошкиот регион.
На промоцијата, што ќе се одржи во општина Тетово, ќе присуствуваат и амбасадорот на Швајцарија Сибил Сутера Техада, градоначалникот на општина Гостивар Арбен Таравари и раководителот на Центарот за развој на Полошки плански регион Фатмир Саити.
Проектот „Управување со цврстиот отпад во Полошкиот регион“ е финансиран од Швајцарија.
(Миа)