Актуелно 13.09.2018 09:16

Путин: Долгот на САД од 20.000 милијарди долари го прави доларот ризична актива

Путин: Долгот на САД од 20.000 милијарди долари го прави доларот ризична актива
SAINT PETERSBURG, RUSSIA - MARCH 16: (RUSSIA OUT) Russian President Vladimir Putin gestures during his meeting with health workers at the Almazov Medical National Research Centre on March 16, 2018 in Saint Petersburg, Russia. The 2018 Russian Presidential Elections will take place on March 18. (Photo by Mikhail Svetlov/Getty Images)

„Националниот долг на САД претставува ризик за доларот. Американскиот национален долг е 20.000 милијарди долари. сето тоа претставува товар за доларот. Што следно ќе се случи: Тоа никој не го знае. Нема одговор на тоа прашање“, кажа Путин на Источниот економски форум во Владивосток.

Според него, расте бројот на земји кои размислуваат за исфрлање на доларот од меѓусебната трговија и преминување на националните валути, кон што, како што истакна рускиот претседател, Русија постепено ќе се движи.

„Официјална Москва мора да ги диверзификува странските валути што ги користи во меѓународната трговија и да не се потпира само на американскиот долар во таквите трансакции“, изјави Путин.

„Сѐ повеќе се земјите кои сакаат да тргуваат во националните валути. Во ред е да се развива билатералната трговија во националните валути од аспект на одржливоста на глобалните финансии и светската економија. Постепено ќе се движиме кон тоа“, порача рускиот лидер.

Путин, меѓутоа, укажа на ризиците кои може да се појават при реализирањето трансакции во националната валута, но тие, како што кажа, мора да бидат сведени на минимум преку диверзификација на транскациите и активностите.

Тој наведе и дека Русија веќе работи на зголемување на своите злати и валутни резерви.