Актуелно 16.05.2019 16:05

Рауфи: Кумановската група не е терористичка, тие ги штитеа цивилите, полицијата ги загрози

Рауфи: Кумановската група не е терористичка, тие ги штитеа цивилите, полицијата ги загрози

Адвокатот Насер Рауфи, одбрана на некои од членовите на Кумановската група, изрази разочарување од одлуката на јавниот обвинител да не се измени обвинителниот акт во врска со настаните во Диво Насеље и останува на обвиненијата за тероризам во втората судска постапка, пишува Лајм.

Денес се одржа првото рочиште во Апелациониот суд во Скопје, по жалбите на одбрана за казните кои ги добија членовите на групата во првата постапка.

Рауфи е категоричен дека членовите на кумановската група не извршиле терористички акт.

– Тероризам е кога се напаѓаат и кога цивилите се изложени на ризик. Нема ниту еден доказ дека тие ги нападнале цивилите, туку, туку напротив, во неколку случаи ги заштитија. Полицијата ги загрозила цивилите за време на акцијата”, вели Рауфи.

Тој со уште еден адвокат на одбраната, Мефаил Арслани, ја поддржа акцијата на членови на кумановската Група за бојкот на седницата, велејќи дека оваа одлука е последица на судската неправда што им беше направена.