Актуелно 18.12.2019 15:19

Ременски го потврди ставот на Мицкоски, има пресметка на параполициски сили во власта

Ременски го потврди ставот на Мицкоски, има пресметка на параполициски сили во власта

Вчера заврши распитот и истрагата за пратеничката Фросина Ременски за финансиската измама во Меѓународниот сојуз.

Таа по распитот кај обвинителката Вилма Русковска изјави дека ги расчистила сите дилеми пред Русковска, дека не е виновна и посочи дека ова е можеби конструкција од параполициски структури во МВР.

Ги спомена некогашниот висок функционер во МВР, Силјан Аврамовски против кого пред 6 години поднела кривична пријава. Ременски праша зошто обвинителката Гордана Смаќовска го заташкува случајот и нема напредок.

Таа го посочи и поранешниот шеф на УБК, Горан Николовски и отвори дилема каква е неговата поврзаност со Орце Камчев кој прво нему му пријавил за случајот „Рекет“.

– Која е улогата на поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање, Горан Николовски во делот на пријавувањето на дејствијата од семејството Камчеви? Што преземал како службени дејствија? Даки воопшто нешто презел и ако воопшто нешто презел дали министерот за внатрешни работи и премиерот ќе си дозволеа во март месец да присуствуваат на прославата на телевизија (1 ТВ) и да даваат видео честитка. или можеби тоа е прашање за некоја корупција имајќи предвид дека е потстанар кај адвокатот на семејството Камчеви. Овие се многу сериозни прашања за кои јас очекував интерес од медиумите да бидат продлабочени истражени и на јавноста да и биде поподатливо за што се работи. Кога професор по безбедност ќе стане таргет на параполициски структури и кога ќе стане таргет во едно разузнавачко и параполициска ситуација и кога ќе се најде во ваков апсурд пред надлежните институции да се правда за нешто дали сторил или не сторил, додека сите останати на кои професорката им го открила криминалот ќе се трудат тој воопшто да не биде дознаен во јавноста, изјави Ременски.

Следни на листата за распит до петок се таткото на првоосомничениот во „Рекет“, Боки 13, Миле Јовановски како и неговата асистентка Христина Блажевска.

Инаку лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски уште пред два месеци преку свој говор во јавноста укажуваше на тоа дека има параполициски структури во СДСМ кои наместо за правда се борат за себе си и ги заштитуваат своите матни зделки.

-Наместо правда, гледаме секојдневно оној поранешен пратеник кој бараше полче, наместо да одговара пред законот секојдневно шета по телевизии и е главна ѕвезда. Испраќа порака дека никој ништо не му може. Исто како и Ременски која наместо да биде повикана за „Рекет“, гледаме пресметка на параполициски структури во СДСМ, кои место за правда се борат за себе си и да ги заштитат своите матни зделки. Но, проблемот е што судството е урнисано. Кога така говорат за нивното надградено „сваровски судство“ во „Луј Витон правосудство“ ќе помислите овие луѓе не се три години на власт, туку само што дошле. Па демек министерката Дескоска била револтирана за застарените предмети во судството, ама кога ќе им треба истото тоа судство да испорача некоја одлука под маса, тогаш власта и Зоран Заев се најзадоволни. Нивната тактика е тие да удираат по судиите, а овие да молчат, бидејќи сакаат да го амортизираат незадоволството од неспособноста и подземните игри кои ги прават. Ама не може да се амнестираат од фактот дека не донесоа правда“, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ неодамна.