Актуелно 03.12.2018 16:26

Росоклија: Анонимусите без професионална афирмација ѝ слугуваат на секоја власт

Росоклија: Анонимусите без професионална афирмација ѝ слугуваат на секоја власт

Луѓето што беа афирмирани преку своите професии и добија политичка функција, после повлекувањето од функцијата останаа доследни на сопствената идеологија и вредносен систем и си го зачуваа достоинството. Анонимусите без професионална афирмација, кои функцијата ги направи препознатливи, немаат ниту професионално ниту лично достоинство, ѝ слугуваат на секоја власт. Таквите карактерни параспури немаат ништо за губење – коментира професорот Горазт Росоклија на својот фејсбук профил.